Евролига: Маледон МВП во декември
- Кошаркарот на Асвел, Тео Маледон, е прогласен денеска за најкорисен играч (МВП) на Евролигата во декември.

Минхен, 30 декември 2024 (МИА) – Кошаркарот на Асвел, Тео Маледон, е прогласен денеска за најкорисен играч (МВП) на Евролигата во декември.
Маледон во месецот кој изминува имаше просек во Евролигата од 21,2 поени, 5,3 асистенции, 4,3 скокови и индекс на корисност од 26,8.
Асвел во декември ја прекина победничката серија на Париз, го совлада Реал Мадрид и забележа два триумфи на гостински терен во „двојното коло“ против Партизан и Жалгирис.
Маледон стана првиот кошаркар на Асвел во историјата што ја добил оваа награда, а на натпреварот против Виртус стана и играч кој на најмногу последователни натпревари (10) постигнал индекс на корисност од 20 или повеќе.
Маледон ја почна кариерата во Асвел, а по четири сезони минати НБА лигата, изминатото лето се врати во францускиот клуб. ег
ФОТО: Фејсбук