• понеделник, 23 декември 2024

Евролига: Келн целосно подготвен да биде домаќин на Фајнл Фор

Евролига: Келн целосно подготвен да биде домаќин на Фајнл Фор
Барселона, 19 мај 2021 (МИА) – Раководството на кошаркарската Евролигата објави дека германскиот град Келн е целосно подготвен за организација на „Фајнл-фор“ турнирот. - Келн е целосно подготвен за Ф4. Поради потребата да се усогласат со посебниот протокол за здравје и безбедност, екипите ќе пристигнат во вторник - еден ден порано од вообичаеното, соопшти прес-службата на Евролигата. Фајнл-фор турнирот во Евролигата ќе се одржи од 28 до 30 мај во арената „Ланксес“ во Келн. На 28 мај во полуфиналето ЦСКА Москва во полуфиналето ќе се сретне со турскиот Анадолу Ефес, додека Барселона ќе игра против Милан. Победниците на 30 мај ќе играат за насловот европски шампион, истиот ден, поразените екипи ќе се натпреваруваат за третото место. зс/

Остани поврзан