• сабота, 23 ноември 2024

Евролигата може да забрани натпревари во Грција

Евролигата може да забрани натпревари во Грција
Барселонаа, 23 февруари 2020 (МИА) - Непознати лица ја нападнаа судиската тројка која во Атина ја делеше правдата на кошаркарскиот натпревар во Евролигата меѓу Панатинаикос и Барселона, каде што победија Шпанците со 92:81. Арбитрите Луиџи Ламоника, Дамир Јавор и Емин Могулкох биле однесени во болница со повреди од различни степени на сериозност. Евролигата на својата официјална веб-страница издаде соопштение во врска со нападот врз судискиот тим. Забележано е дека доколку уште еднаш се случи инцидент од ваков вид во Грција, организаторите ќе го разгледаат трансферот на сите натпревари во Евролигата, Европскиот куп и младинскиот турнир надвор од земјата. зс/

Остани поврзан