• вторник, 19 ноември 2024

Евровизиската претставничка Андреа дел од кампањата „Нашите миленици се наше семејство, не ги напуштајте!“

Евровизиската претставничка Андреа дел од кампањата „Нашите миленици се наше семејство, не ги напуштајте!“
Скопје, 28 февруари 2022 (МИА) - Зоолошката градина „Скопје“ и ЈП „Лајка“ со поддршка од Град Скопје почнаа заедничка кампања „Нашите миленици се наше семејство, не ги напуштајте!“. Како што информираат од ЗОО Скопје, кампањата е со цел подигање на свеста против напуштање на милениците и одговорно сопствеништво. Во оваа кампања, се вклучија и наши познати личности кои се љубители на животните. Прва која сними видео со поддршка е македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска, која заедно со својот долгогодишен миленик Лео низ прошетка во Градскиот парк порача да ги сакаме животните и никогаш да не ги напуштаме милениците, бидејќи и тие се дел од семејството. фф/сп/

Остани поврзан