Евроамбасадорот Михалис Рокас во посета на Прилеп
- Амбасадорот на Европската Унија во државата, Михалис Рокас, денеска ќе ја посети Општина Прилеп како дел од иницијативата за информирање на јавноста, за приближување на ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалните заедници.
Скопје, 25 февруари 2026 (МИА) - Амбасадорот на Европската Унија во државата, Михалис Рокас, денеска ќе ја посети Општина Прилеп како дел од иницијативата за информирање на јавноста, за приближување на ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалните заедници.
Посетата ќе почне со средба меѓу амбасадорот Рокас и градоначалникот Дејан Проданоски по што ќе следува состанок со членовите на општинскиот Совет. Во фокусот на разговорите ќе бидат придобивките од пристапувањето во ЕУ, како и конкретното влијание на поддршката од ЕУ врз секојдневниот живот во регионот.
Во рамките на посетата амбасадорот Рокас ќе оствари средби и со претставници на граѓанското општество и Младинскиот совет во Општина Прилеп. дма/лв/
Фото: МИА архива