Евертон подготвува понуда за италијански напаѓач
- Менаџерот на англискиот клуб Карло Анчелоти навистина ја сака играта на Белоти и дури двапати направи неуспешни обиди да го привлече кога беше тренер на Баерн (Минхен) и Наполи.

Ливерпул, 8 јуни 2020 (МИА) - Евертон подготвува понуда вредна 44 милиони фунти за напаѓачот Андреа Белоти од Торино.
Менаџерот на англискиот клуб Карло Анчелоти навистина ја сака играта на Белоти и дури двапати направи неуспешни обиди да го привлече кога беше тренер на Баерн (Минхен) и Наполи.
Дваесет и шест-годишниот италијански интернационалец има постигнато 72 голови во Серија „А“ во последните пет сезони, вклучувајќи и девет на 23 одиграни натпревари оваа сезона.
За напаѓачот се заинтересирани и Наполи, Фиорентина и Милан.