Евертон плати само 12 милиони фунти за Родригез
- Трансферот на играчот за врска на Реал Мадрид, Хамес Родригез, го чинеше Евертон многу помалку отколку што првично се очекуваше. „Карамелите“ платија само 12 милиони фунти, а не 20 како што с

Лондон, 9 септември 2020 (МИА) - Трансферот на играчот за врска на Реал Мадрид, Хамес Родригез, го чинеше Евертон многу помалку отколку што првично се очекуваше. „Карамелите“ платија само 12 милиони фунти, а не 20 како што се најавуваше, објави Би-Би-Си.
Дваесет и деветгодишниот Колумбиец потпиша двегодишен договор со клубот од Ливерпул. Договорот предвидува можност за продолжување на уште една сезона.
Ова е трет пат како Хамес се приклучува на екипите кои ги предводи Карло Анчелоти. Пред тоа под водство на Италијанецот играше во Реал Мадрид и Баерн Минхен. зс/