• среда, 25 декември 2024

Ева Мендез и Рајан Гослинг го оправдаа статусот на омилена холивудска двојка

Ева Мендез и Рајан Гослинг го оправдаа статусот на омилена холивудска двојка
Лос Анџелес, 5 октомври 2020 (МИА) - Ева Мендез обожава да го минува времето со својот сакан - Рајан Гослинг... Глумицата вчера на Твитер сподели ретро-фотографија каде што трча на плажа. „Утрово отидов на трчање на плажа [срце]... Не. Лажам!“ напиша таа до сликата. Шегата е околу тоа дека сликата е стара барем 15 години. На забелешката на обожавател, дека Рајан треба почесто да ја пушта да излегува од дома, Ева возврати: „Не благодарам, добро сум. Попрво би била дома со мојот човек отколку на кое било друго место на светот“. Се чини, разбирливо е зошто Ева и Рајан денес важат за една од највљубените двојки во Холивуд. си/сд/

Остани поврзан