• понеделник, 23 декември 2024

Еванџелин Лили се повлекува од глумата

Еванџелин Лили се повлекува од глумата

Лос Анџелес, 5 јyни 2024 (МИА) - Глумицата Еванџелин Лили, позната по ТВ-серијата „Изгубени“ и суперхеројските филмови „Одмаздници“ (Avengers) и „Aнтмен“, на Инстаграм откри дека се повлекува од Холивуд заради „нова сезона“ од нејзиниот живот.

Лили го претстави својот напис со видео од 2006 година, каде што тогаш на свои 26 години говори за нејзините очекувања за иднината.

- Преплашена сум да му го признаам ова на остатокот од актерскиот свет, но идеално - 10 години од сега, би сакала да бидам пензионирана глумица и сакам да имам семејство... Натаму, би сакала да пишувам и, можеби некогаш, да влијаам врз животите на луѓето на похуманитарен начин, вели глумицата.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Evangeline Lilly (@evangelinelillyofficial)

Лили во својата пишана изјава им се заблагодарува на филмаџиите од „Изгубени“ кои го нашле ова старо видео, по повод нејзиното пензионирање.

„Напуштањето на она што изгледа како очигледен избор (богатство и слава) понекогаш може да биде страшно, но влегувањето во вашата ‘дарма’ го заменува стравот со исполнетост“, додаде Лили алудирајќи на „Дарма“ како еден од клучните зборови во научнофантастичната мистерија „Изгубени“ од предминатото десетлетие.

Во меѓувреме, Еванџелин Лили, која инаку е и мајка на две деца, ја одбила главната улога во „Жената-чудо“ оти „немала желба“ за тоа.

„Можеби еден ден ќе се вратам во Холивуд, но засега, ова е местото каде што припаѓам. Стигна ‘нова сезона’, и јас сум подготвена... И среќна“, вели пензионираната канадска глумица.  си/сд/

Фото: ЕПА

Остани поврзан