Евакуирана првата група цивили од Азовстал
- Првата група цивили синоќа е евакуирана од челичарницата Азовстал, што е последна точка на украинскиот отпор во Мариупол

Киев, 1 мај 2022 (МИА) – Првата група цивили синоќа е евакуирана од челичарницата Азовстал, што е последна точка на украинскиот отпор во Мариупол.
- Тие се префрлени на договорената локација и се надеваме дека ќе бидат евакуирани во Запорожје, на територијата под контрола на Украина. Се надеваме дека овој процес ќе продолжи и дека ќе можеме да ги евакуираме сите цивили, изјави заменик командантот на полкот Свјатослав Паламар.
Претходно и руската новинска агенција ТАСС јави дека група од 25 цивили, меѓу кои и шест деца успеале да излезат од Азовстал од подземната галерија, што датира од советско време. ми/