• сабота, 23 ноември 2024

Евакуацијата на градот Мариупол е одложена за утре, соопштија властите

Евакуацијата на градот Мариупол е одложена за утре, соопштија властите
Киев, 1 мај 2022 (МИА)-  Евакуацијата на цивилите од деловите на Мариупол кои не припаѓаат на челичарницата Азовстал е одложена за утре, соопшти денеска Градскиот совет. Како што беше наведено, евакуацијата е одложена поради безбедносни причини, јави Би-Би-Си. Покрај борците и цивилите опколени во Азовстал, во јужниот дел на градот останаа околу 100.000 жители. Новиот обид за транспорт на цивили во Запорожје од разурнатиот пристанишен град, кој главно е под руска контрола, ќе се случи утре наутро, соопшти градскиот совет на Запорожје. Запорожје е под руска контрола. Тоа е дестинација за претходните операции за евакуација. Во посебна мисија координирана од меѓународните хуманитарни групи денеска, околу 100 цивили можеа да ја напуштат  фабриката за челик Азовстал во Мариупол, според украинскиот претседател. зш/

Остани поврзан