• недела, 30 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

„ЕА спортс“ ја претстави видеоиграта „Ф1 25“

„ЕА спортс“ ја претстави видеоиграта „Ф1 25“

Лос Анџелес, 27 март 2025 (МИА) - Американската компанија за видеоигри, „ЕА спортс“ нуди ново искуство за претстојната Формула 1 сезона за 2025 година. Играта „Ф1 25“ е достапна на англиски и француски јазик.

Играта е развиена од „Кодмастерс“ и ќе биде достапна од 30 мај, за „Плејстејшн 5“, „Икс-бокс С“, како и за на компјутер. Возбудата е уште поголема со оглед и на претстојниот филм „Ф1“ со Бред Пит во главната улога, којшто во кината доаѓа во јуни.

Додека Формула 1 ја слави својата 75-годишнина, гејмерите ќе може да ги одмерат силите со променети конструкторски екипи, а најголемата промена е секако преминот на седумкратниот шампион Луис Хамилтон од „Мерцедес“ во „Ферари“.  си/ссм/

Фото: Јутјуб

Остани поврзан