• вторник, 24 декември 2024

Дурмиши на средба со Григорјан: Посветени сме на продлабочување на соработката за економски раст и создавање нови работни места

Дурмиши на средба со Григорјан: Посветени сме на продлабочување на соработката за економски раст и создавање нови работни места

Скопје, 18 јули 2024 (МИА) - Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска оствари работна средба со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП во Северна Македонија Армен Григорјан.

Како што информира ресорното министерство, тема на состанокот беше досегашната соработка на УНДП со Министерството за економија и идната соработка со Министерството за економија и труд согласно реорганизацијата на министерствата.

Министерот Дурмиши се заблагодари за придонесот што УНДП досега го даде за унапредување на одржливиот развој во Северна Македонија.

- Министерството за економија и труд со реорганизацијата на министерствата има нови надлежности. Фокусот на работа ќе биде подобрување на бизнис климата во земјата, подршка на домашните компании, поддршка на претприемништвото, подобрување на условите за странските инвеститори, како и подобрување и развој на пазарот на труд како нова надлежност која ја преземаме. Поддршката од различни партнери се од големо значење за тековниот и идниот развој на државниот и приватниот сектор во Северна Македонија, рече Дурмиши.

Министерот Дурмиши потенцираше дека УНДП е важен досегашен партнер на Министерството за економија и труд и искажа уверување дека со новите надлежности кои ќе бидат во фокус, веќе воспоставената соработка ќе продолжи и во наредниот период преку подготовка и реализација на приоритетни проекти кои имаат големо позитивно влијание врз нашата економија и условите за животна граѓаните, справувањето со социо-економските предизвици на нашата земја и промовирањето на одржливиот развој.

Дурмиши истакна дека Министерството за економија и труд ќе биде посветено на унапредување на понатамошната соработка со УНДП во делот на економскиот раст и создавање на нови работни места, како и поддршка за интеграцијата во ЕУ.

Од страна на постојаниот претставник на УНДП Григорјан беа презентирани активностите и секторите кои се во фокус на нивната работа. мд/ац/

Фото: Министерство за економија и труд 



Остани поврзан