• понеделник, 23 декември 2024

Министерството за економија и труд доделува финансиски средства за реализирање на програмата за заштита на потрошувачите

Министерството за економија и труд доделува финансиски средства за реализирање на програмата за заштита на потрошувачите

Скопје, 6 септември 2024 (МИА) - Министерството за економија и труд денеска објави јавен повик за доделување финансиски средства за реализација на програми и проекти од страна на здруженијата на потрошувачите во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите за 2024 година. Финансиските средства од оваа Програма се намененети за реализација на програми и проекти од страна на здруженијата на потрошувачите. Крајниот рок за поднесување на апликациите е најдоцна 20 септември.

-Преку ова финансиска поддршка Министерство за економија и труд доделува финансиски средства за реализација на програма (проект) за заштита на потрошувачите во износ од 300.000,00 денари до 500.000,00 денари согласно доставените предлог програми (проекти) за заштита на потрошувачите до исцрпување на финасиските средства предвидени за овој повик, на невладините организации за заштита на потрошувачите за обезбедување информации и помош за потрошувачите, се вели во соопштението од Министерството за економија и труд.

Оваа иницијатива, додаваат, е дел од нивните постојани напори да се подобри квалитетот на животот на сите граѓани и да се зајакне нивната заштита и права.

-Ги охрабруваме сите здруженија на потрошувачите да ја искористат оваа можност и да аплицираат за финансиска поддршка која ќе им овозможи да реализираат значајни проекти за доброто на потрошувачите. Овој повик е доказ за нашата посветеност кон транспарентноста, правичноста и инклузивноста во креирањето на политики кои ги подобруваат условите за живот на сите граѓани, велат од Министерството.

Повеќе информации за условите за аплицирање, висината на финансиските средства и рокот за доставување на барањата може да се најдат на веб-страница www.economy.gov.mk. Крајниот рок за поднесување на апликациите е најдоцна до 16:00 часот на ден 20.09.2024 година. сст/са/

фото Министерство за економија и труд

 

Остани поврзан