Дурант сака да игра на Олимписките игри во 2028 година во Лос Анџелес
- Четирикратниот олимписки шампион и најдобар стрелец на сите времиња за машката кошаркарска репрезентација на САД, Кевин Дурант, има намера да се натпреварува на Летните игри во 2028 година во Лос Анџелес.
Хјустон, 24 февруари 2026 (МИА) - Четирикратниот олимписки шампион и најдобар стрелец на сите времиња за машката кошаркарска репрезентација на САД, Кевин Дурант, има намера да се натпреварува на Летните игри во 2028 година во Лос Анџелес.
- Да, сакам да играм. Ќе бидам среќен, но морам да останам во најдобра форма. Сакам директорот на тимот Хил и оние што носат одлуки да сакаат да ме вклучат. Не само за моите години служба. Сакам да докажам дека можам да му помогнам на тимот да победи, го цитира „ESPN“ 37-годишниот напаѓач на Хјустон.
Дурант призна дека неговото учество зависи од неговата играчка форма, но нагласи дека сака селекторот да го состави тимот не врз основа на стажот, туку на неговите перформанси.
Исто така, Дурант, исто така, ги отфрли шпекулациите во медиумите дека Игрите во Париз требало да бидат негови, на Леброн Џејмс и на Стефен Кари последни натпревари. Тој инсистираше дека никогаш не рекол такво нешто.
НБА-ѕвездата го критикуваше наративот кога се споредуваат европската и американската кошарка.
- Не ми се допаѓаат муабетите за тоа како САД пристапуваат кон играта наспроти Европа. Се што слушам е: Аматерските спортови ја уништуваат играта; Европејците го прават тоа правилно, а Американците го прават погрешно. Тоа е глупост. Читам меѓу редови: тоа е напад врз црните Американци. Ние го контролираме овој спорт, а тие се уморни од него.
Дурант ги освои Олимписките игри во 2012, 2016, 2020 и 2024 година со репрезентацијата на Соединетите Американски Држави. зс/
Фото: ЕПА