• сабота, 23 ноември 2024

Дуплантис го одбрани олимпиското злато со нов светски рекорд во скок со стап

Дуплантис го одбрани олимпиското злато со нов светски рекорд во скок со стап

 

Париз, 5 август 2024 (МИА) – Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис вечерва го одбрани златниот медал со нов светски рекорд во скок со стап на Олимписките игри во Париз.

Дуплантис го освои златниот медал, прескокнувајќи шест метри и 25 сантиметри.

Дуплантис ја почна серијата на височина од 5,95 метри, по што повторно веќе во првиот обид прескокна шест метри и 6,10 метри.

Потоа ја подигна летвичката на 6,25 метри во обид да го собори светскиот рекорд, што му успеа во третиот обид.

Дуплантис го собори сопствениот светски рекорд од 6,24 метри.

Американецот Сем Кендрикс го освои среброто со скок од 5,95 метри, а Гркот Емануил Каралис се закити со бронзата, прескокнувајќи 5,90 метри. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан