• сабота, 23 ноември 2024

Думата следната недела ќе дебатира за анексија на окупираните делови на Украина

Думата следната недела ќе дебатира за анексија на окупираните делови на Украина
Москва, 25 септември 2022 (МИА) - Долниот дом на рускиот Парламент, Думата на 29 септември ќе дебатира за присоединување на окупираните делови на Украина, јави руската новинска агенција ТАСС повикувајќи се на неименуван извор. Москва на 23 септември организира референдуми за присоединување со Русија во четири окупирани региони во Украина, што предизвика осуда од Киев и Западот, кои наведоа дека нема да ги признаат резултатите. Референдуми се одржуваат во Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје. ми/

Остани поврзан