• среда, 25 декември 2024

Думата ги повика Ерменија и Азербејџан да се вратат на преговорите

Думата ги повика Ерменија и Азербејџан да се вратат на преговорите
Москва, 29 септември 2020 (МИА) - Руската Државна дума денеска ги повика спротивставените страни во Нагорно-Карабах да се вратат на преговорите. Во соопштението од Думата се истакнува дека е неопходен моментален прекин на огнот и спречување на ескалацијата на конфронтација во регионот. Државната дума ги повика страните што побрзо да се вратат на преговарачкиот процес и оти пратениците се подготвени да пружат посредувачка помош во стабилизација на ситуацијата. ми/

Остани поврзан