ДУИ: Укинувањето на одлуката за Медресата – опасен чин што ги поткопува основните слободи и меѓурелигиската кохезија
- СООПШТЕНИЕ - Најновата одлука за укинување на статусот на Медресата претставува опасен преседан што ги разнишува темелите на една рамноправна, демократска и инклузивна општествена структура.
Скопје, 2 мај 2025
Најновата одлука за укинување на статусот на Медресата претставува опасен преседан што ги разнишува темелите на една рамноправна, демократска и инклузивна општествена структура.
Ова не е техничка одлука – ова е директен напад врз правото на верско образование и врз слободите загарантирани со Уставот и законите на државата.
Овој чин испраќа порака дека овој режим, е подготвен да ги жртвува основните принципи на правичност и верска рамноправност.
Наместо да штитат вредности, тие ги бришат институциите кои со години придонесувале за религиозен соживот, културен развој и толеранција.
Најзагрижувачки е фактот што вазалите од ЛЕН со своето соучесништво – ја легитимираат оваа антидемократска насока и не само што прават непоправливи штети, уште и безсрамно манипулираат со јавноста, фрлаат лажни обвинувања и стануваат инструмент во демонтажата на важни општествени придобивки.
ДУИ апелира до јавноста, до религиозните заедници, до граѓанскиот сектор и до меѓународните партнери – да не останат неми пред ова опасно скршнување.
Ова не е партиско прашање – ова е прашање на принципи, кои се однесуваат на слободата, достоинството и еднаквоста на сите граѓани.
Не смееме да дозволиме враќање назад.
Ќе се спротивставиме решително на секој обид за исклучување, поделби и поткопување на основните слободи на граѓаните.
Демократска унија за интеграција
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.