• сабота, 23 ноември 2024

ДУИ: Стоилковиќ од моноетничката влада го намали буџетот за одбележувањето на Охридскиот договор 

ДУИ: Стоилковиќ од моноетничката влада го намали буџетот за одбележувањето на Охридскиот договор 

Скопје, 12 август 2024 


Демократската унија за интеграција смета дека е навредлив фактот што потврдениот путинист, непризнавачот на независноста на Република Косово, Иван Стоилковиќ, е вицепремиер и министер одговорен за Охридскиот договор, иако тој самиот ниту го признава ниту го почитува.

Како последица на тоа, буџетот за потпишување на Охридскиот договор е намален со одлука на моноетничката влада и амин на рако-бакнувачите вазали кои ги окупираа државните институции без легитимитет на албанскиот гласач, но со предпочитање на ВМРО ДПМНЕ, како во времето на монизмот и Милошевиќ. 

Демократската унија за интеграција не може да стои со скрстени раце кога секојдневно се понижуваат Албанците и другите и кога се поништува секое достигнување во насока на еднаквоста. 

Затоа, го ангажиравме авторот на Охридскиот договор Пол Вилијамс и неговиот тим во ПИЛПГ да изготват правна платформа за легитимност, при што првиот нацрт е веќе поднесен и ќе биде разгледан во рамките на Европскиот фронт, а потоа и јавно со академскиот свет, невладините организации, медиумите, граѓаните.

Централното одбележување на потпишувањето на Охридскиот договор се одржува утре, вторник, 13.08.2024 година, со почеток во 12:00 часот во хотелот Александар Палас во Скопје.

 

Демократска унија за интеграција

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан