• среда, 27 ноември 2024

ДУИ: Позитивни реакции на целиот демократски свет за историската одлука „за“ францускиот предлог

ДУИ: Позитивни реакции на целиот демократски свет за историската одлука „за“ францускиот предлог
Скопје, 17 јули 2022 Демократската унија за интеграција ги поздравува позитивни реакции на целиот демократски свет за историската одлука "за" францускиот предлог донесена од Собранието на Северна Македонија, кој ја запечати идеолошката ориентација на земјата без друга алтернатива, онаа за интеграција во Европската Унија. Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз, Рим, Лондон и сите главни градови на евроатлантските земји високо ја ценат храброста на прогресивните сили што ја водат земјата. Неколкуте неистомисленици, ВМРО и Левица, остануваат изолирани и обединети во духот на регресивните проруски сили. Огромното мнозинство од граѓаните на земјата не се идентификуваа со руската агенда, не подпаднаа на измами, провокации и не ги поддржаа протестите што сакаа да ја вратат земјата наназад по сите тие заеднички достигнувања и да ја сменат нејзината стратешка ориентација. Денес е време на определување, кој е со Европа, кој е против, кој е со НАТО, а кој против, кој се усогласува со евро-американските сили, а кој со проруските. Нема сива зона, нема недефинирано. Демократската унија за интеграција смета дека огромно мнозинство граѓани ги поддржуваат евро-американските прогресивни сили и нема да дозволиме отстапување од евроатлантскиот курс на земјата. Демократска унија за интеграција - ДУИ ———————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан