• вторник, 24 декември 2024

ДУИ од Теарце: Дивите депонии ќе бидат претворени во паркови

ДУИ од Теарце: Дивите депонии ќе бидат претворени во паркови
Тетово, 5 октомври 2021 (МИА) - Во општинскиот центар Теарце вечера се одржа централниот митинг на кандидатите за градоначалник, Нухи Незири и листата со советници предводени од носителот Бесник Османи од редовите на ДУИ. Кандидатот за градоначалник на Општина Теарце, Нухи Незири истакна дека ќе работи на подобрување на условите за живот, како и дека треба да се развива и културно социјалниот живот. - Сите села на општината да имаат вода за пиење и канализација, како и решавање на проблемот со ѓубрето.  Дивите депонии ќе бидат претворени во паркови.Ние ќе работиме напорно, за да ја подобриме патната инфраструктура, да најдеме алтернативен пат за поврзување на Тетово со Општина Теарце. Ќе поднесеме барање за функцонирање на здраствен дом и ургентен центар. Сакаме да се основа библиотека и културно-едукативен мултикултурен центар, изјави  Нухи Незири, кандидат за градоначалник. Лидерот на ДУИ Али Ахмети рече дека е сигурен во победата на Нухи Незири како и на советничката листа. - Нухи не е сам, ќе има поддршка на цело ДУИ, ограноците, советите, како што ги имаше и за кандидирање. Сите жители на Теарце, да ги убедите и тие што не се со нас, да им кажете на луѓето за тоа што сме направиле и што ќе правиме, ние не сме го излажале електоратот 18 години. Ова е најјак адут. Не давам празни зборови. Ја прогласивме Шар Планина за национален парк и сега сите треба да имаат улога во развојот на планинскиот туризам , но требаат услови, инвестиции во паркот. Работиме со експерти за систематизарање на проекти на националниот план, се надевам дека ќе се реализира коридор 8. На 17 октомври да не израдувате со победата што ќе му ја обезбедите на Нухи, истакна Али Ахмети. Пред присутните се обрати и партискиот функционер Артан Груби кој порача дека ДУИ нема работа што ја започнала, а да не ја завршиле 100 отсто. ас/свс/

Остани поврзан