• вторник, 17 декември 2024

ДУИ: Инцидентот инсцениран од активистите на коалицијата Алијанса-ВМРО-Левица

ДУИ: Инцидентот инсцениран од активистите на коалицијата Алијанса-ВМРО-Левица
Скопје,6 јули 2022 Демократската унија за интеграција најостро ги осудува инцидентите на антиевропските протести поттикнати од проруските елементи во нашето општество, вклучително и сценариото што вечерва беше реализирано на плоштадот Скендербег во Скопје.Инцидентот меѓу активистите на ВМРО, ЛЕВИЦА и Алијанса не може да не се смета за однапред смислен и испланиран од оваа коалиција бидејќи протагонисти беа токму овие три партии и нивните поддржувачи.Лицето што вечерва ги нападна своите коалициски партнери, вчера заедно со својот брат водеше кампања за ВМРО ДПМНЕ, додека денес е функционер на ВМРО, директор на Комунална Хигиена во Скопје.ДУИ повикува на смиреност и не поттикнување на меѓуетнички инциденти и насилство на протестите.Антиевропските сили нема да успеат затоа што нашата земја е во НАТО и граѓаните ја сакаат Европа.  
Демократска унија за интеграција
————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан