• четврток, 26 декември 2024

ДУИ: АА и Алтернатива ја вандализираат културата

ДУИ: АА и Алтернатива ја вандализираат културата
Скопје, 11 јули 2021 Демократската Унија за Интеграција оценува дека недостатокот на идеи, недостатокот на реализирани проекти од нивна страна, хроничниот нихилизам низ годините и вандалската тенденција на Албанската опозиција ги одвратуваат граѓаните и е една од причините за нивните последователни неуспеси. Поинаку од вандалските тенденции на опозицијата, Демократската Унија за Интеграција гради театри, училишта, болници, улици, градинки и е посветена на квалитетот на животот на граѓаните создавајќи безброј дела за олеснување на секојдневниот живот на секој граѓанин. Вчера Албанскиот театар славеше каде што опозицијата, иако поканета, не дојде заедно да прослави, но денес тие ја открија главната причина за бојкот на прославата на актерите. Планот на опозицијата да го вандализира театарот на нејзината 71-годишнина и повторното отварање на комплетно реновираниот театар е одвратен. Граѓаните нема да подржуваат кавгаџии, вандали, нихилисти кои немаат никаков сопствен проект од нивното постоење. Демократската Унија за Интеграција ќе продолжи со конструктивни политики и подобрување на условите за еден квалитетен живот во сите сфери и смета дека ваквите активности на опозицијата се најдобар доказ зошто треба да се поддржува градителот, а не уништувачот, творецот, а не и негирачот, конструктивниот, а не деструктивниот. Демократска унија за интеграција ____________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан