• петок, 20 декември 2024

Дуда: Треба да сме подготвени за уште инциденти

Дуда: Треба да сме подготвени за уште инциденти
Варшава, 18 ноември 2022 (МИА) - Полска мора да биде подготвена за повеќе инциденти поврзани со руската војна во Украина, предупреди денеска полскиот претседател Анджеј Дуда, цитиран од ДПА. -За жал, мораме да бидеме подготвени за уште такви инциденти на нашата граница, рече полскиот претседател, мислејќи на ракетата што неделава падна на полска територија. Дуда беше категоричен дека Полска ќе направи се за да спречи повторување на тоа што се случи, иако во инцидентот не беше можно полската противвоздушна одбрана да реагира и да го собори проектилот, пишуваат полските медиуми. Полскиот претседател кажа дека ниту една земја во светот нема таков одбранбен систем што може да ја заштити целата нејзина територија, особено толку блиску до границата, ако нема стратешки, критични објекти кои се специјално чувани. сд/

Остани поврзан