• недела, 22 декември 2024

Дуда: Русија е најголемата закана за НАТО сојузниците

Дуда: Русија е најголемата закана за НАТО сојузниците

Вилнус, 12 јули 2023 (МИА) - Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека Русија стана најголема закана за земјите од НАТО, пренесоа полските медиуми.

Дуда попладнево по Самитот на НАТО во Вилнус рече дека Русија многу години ја нарекувале „партнер на НАТО“.

-Имаше сојузници кои категорично се изјаснија за вклучување на името на Русија како партнер на НАТО во документите на Алијансата, тврди тој.

Но, како што додаде, сега се менува односот на Алијансата кон Русија, која води агресивна војна во Украина.

-Русија престанува да биде партнер на НАТО... Денес Русија е агресорот... и најголемата закана за земјите од НАТО, заклучи шефот на полската држава. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан