• четврток, 26 декември 2024

Дугин: Убиството на мојата ќерка е терористички акт

Дугин: Убиството на мојата ќерка е терористички акт
Москва, 22 август 2022 (МИА) - Таткото на Дарија Дугина, Александар Дугин изјави оти смртта на неговата ќерка е „терористички акт од украинскиот нацистички режим“ и дека таа, како што рече,  е „брутално убиена пред мене“, јави Би-Би-Си. - Таа беше убава православна жена, патриот, воен репортер, експерт за централна телевизија и филозоф, истакна тој. Украина негираше вмешаност во смртта на Дарија Дугина, која загина во експлозија на автомобил во саботата вечерта. Нејзиниот татко на Запад го гледаат како еден од „мозоците“ на рускиот претседател Владимир Путин. бд/

Остани поврзан