Д-р Дре „тежи“ 800 милиони долари, а ќерка му е бездомничка
- Богатството на славниот рапер Д-р Дре се проценува на 800 милиони долари, но неговата најстара ќерка Латања Јанг тврди дека тој одбива да ѝ помогне финансиски, и покрај фактот дека е бездомни
Лос Анџелес, 5 август 2021 (МИА) - Богатството на славниот рапер Д-р Дре се проценува на 800 милиони долари, но неговата најстара ќерка Латања Јанг тврди дека тој одбива да ѝ помогне финансиски, и покрај фактот дека е бескуќничка и мора да живее во автомобил.
Латања работи како доставувач на храна и е вработена во складиште. Таа за „Дејли Мејл“ вели дека не може да си дозволи да плаќа кирија, па спие во изнајмено возило. Таа е и самохрана мајка на четири деца - Татјана (16), Ријана (13), Д’Андреа (8) и Џејсон (3), за кои нашла сместување.
- Моите деца живеат со пријатели, не живеат во автомобил. Само јас!, истакна таа.
Постојано барала од нејзиниот татко милионер да ѝ помогне, но како што вели - не добила ни денар од него последниве 18 години. Латања е ќерка на Доктор Дре (вистинско име: Андре Ромел Јанг), и Лиза Џонсон, со која се разделил пред 33 години, кога ќерка им имала само пет години. Тој не ја видел ќерка сѝ 18 години. Таа вели оти комуницира со него преку негови претставници. си/сд/