• сабота, 23 ноември 2024

„Дрисла“ се соочува со казна од 120 илјади евра и шест илјади евра за управителот за загадување на Маркова река

„Дрисла“ се соочува со казна од 120 илјади евра и шест илјади евра за управителот за загадување на Маркова река

Скопје, 26 септември 2023 (МИА) - Јавното претпријатие „Дрисла“ се соочува со казна од 110 до 120 илјади евра, а управителот со казна од шест илјади евра по извршениот вонреден инспекциски надзор по дојава од граѓани од селото Батинци при што е утврдено дека во Маркова река има поголеми концентрации на загадувачки супстанци од дозволеното. 

Од Владата денеска информираа дека вонредниот инспекциски надзор е извршен на 4 септември и дека визуелно е утврдено дека има загадување на Маркова река со темно кафеава течност, но не е почувствуван некаков мирис. Истиот ден од страна на акредитираната лабораторија за животна средина „Еуромак Контрол“ земени се мостри од три места за анализа на водите од Маркова река и една дополнителна мостра доставена од граѓани од Батинци при што се утврдени концентрации на загадувачки супстанци над дозволените гранични вредности кои потекнуваат од исцедокот од депонијата.

- Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка против правното лице ЈПДКО Дрисла Скопје и против управителот, пред Основниот кривичен суд во Скопје поради одбивање на потпишување на Записникот за спогодба од страна на директорот на Јавно претпријатие за депонирање на комунален отпад Дрисла Скопје, по извршениот вонреден надзор, велат од Владата. бак/ац/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан