• сабота, 23 ноември 2024

Државјанин на Конго пронајден мртов во кумановско Лојане

Државјанин на Конго пронајден мртов во кумановско Лојане
Куманово, 9 март 2022 (МИА) - Државјанин на Република Конго е пронајден мртов во дворно место на верски објект во липковското село Лојане, соопшти денеска кумановската полиција. Лекар констатирал смрт без насилство на телото на починатото лице. - Вчера во 06:00 часот во Полициското одделение Матејче било пријавено дека во дворно место на верски објект во село Лојане било пронајдено починато лице-мигрант. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. Од извршениот увид од страна на полициски екипи од СВР Куманово утврдено е дека станува збор за Б.К.(41) од Република Конго, соопшти полицијата. По насока на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за погреб. ам/оџ/    

Остани поврзан