Државно јуниорско првенство во кајак на дива вода-слалом во Вардар кај Демир Капија
- Кајакарската федерација на Македонија заедно со демиркапискиот кајакарски кану клуб „Просек“, денес го организираат државното јуниорско првенство во кајак на дива вода-слалом, во водите на ре

Демир Капија, 24 октомври 2020 (МИА) - Кајакарската федерација на Македонија заедно со демиркапискиот кајакарски кану клуб „Просек“, денес го организираат државното јуниорско првенство во кајак на дива вода-слалом, во водите на реката Вардар кај Демир Капија.
- Ќе се натпреваруваат 25 учесници до 17 години, од пет клуба, меѓу кои шест девојки. Ќе се весла и тимско возење 3xK1 мажи, за МИА појасни Дарко Илиевски, тренер во демиркапискиот клуб.