• сабота, 23 ноември 2024

Државниот архив домаќин на 31. Конвенција на Меѓународниот центар за архивски истражувања

Државниот архив домаќин на 31. Конвенција на Меѓународниот центар за архивски истражувања

Скопје, 8 ноември 2023 (МИА) - Од денеска до 10 ноември, Државниот архив ќе биде домаќин на 31. Конвенција на Меѓународниот центар за архивски истражувања (ИКАРУС) со седиште во Виена, кој ќе се одржи во Скопје и во Охрид.

Како што информираат од Државниот архив, темата на Конвенцијата е „Заедничко архивско наследство - заштита, достапност и дигитализација“.

Посочуваат дека во рамки на оваа Конференција ќе бидат презентирани трудови од околу 60 архивски професионалци од Европа и пошироко.фф/мд/

Фото: Државен архив

Остани поврзан