• сабота, 23 ноември 2024

Државната секретарка во МВР, Несторовска на Министерски состанок во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа

Државната секретарка во МВР, Несторовска на Министерски состанок во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа

Скопје, 3 април 2024


Денеска, (03.04.2024) државната секретарка во Министерството за внатрешни работи и Национална координаторка за борба против трговија со луѓе, м-р Магдалена Несторовска учествуваше на Министерскиот состанок што се одржа во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа на тема „Трендови и предизвици во регионалната безбедносна соработка во регионот на ЈИЕ низ призмата на организираниот криминал со акцент на криумчарењето на мигранти и трговија со луѓе и нејзино натамошно унапредување.“

Во своето обраќање како Национална координаторка ја претстави работата на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, ги сподели активностите, искуствата и добрите практики во однос на справувањето со ова кривично дело, состојбата во државата и соработката со државите во регионот.

„Нашите држави делат исти предизвици во многу области, а оттука нè врзуваат и многу заеднички активности. Воспоставувањето на мрежите за соработка, како што е нашата, дополнително и позитивно допринесе и за јакнење на националните системи во борбата против трговијата со луѓе, преку размена на добри пракси и научени лекции. Склучувањето на билатералните договори со земјите во регионот не смее да застане, и мора да се надгради, со други заеднички форми на соработка во регионот, особено за интензивирање на соработката во превенцијата и спроведување на заеднички кампањи специфични и препознатливи за регионот.
Свесни сме дека единствено така, преку градење и имплементација на заеднички регионални иницијативи ќе создадеме цврсти темели и ќе придонесеме кон одлични резултати.„- рече во своето обраќање Несторовска.

Министерство за внатрешни работи

Фото: МВР

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан