Драмското студио Тетово премиерно ќе ја изведе комедијата „Азиланти“
- Станува збор за комедија по текст на српскиот театерски актер, режисер и драмски писател Мирољуб Недовиќ-Рики.
Тетово, 28 март 2026 (МИА) - Драмското студио Тетово во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“, вечер со почеток во 20 часот, премиерно ќе ја изведе комедијата „Азиланти“. Станува збор за комедија по текст на српскиот театерски актер, режисер и драмски писател Мирољуб Недовиќ-Рики.
Режијата на тетовската верзија е направена од Игор Бачоски-Бачо, кој заедно со Глигорије Стојановски-Гиге и Лазар Саровски-Марта ги толкуваат трите улоги во комедијата.
-Ова е црна комедија во која тематски се зборува за иселувањата од нашата држава, но и како проблем кој хронично постои и кај нас и во соседните земји, прикажан низ маестралниот текст на Мирољуб Недовиќ-Рики. „Азиланти“ е изведувана во повеќе држави во разни концепти, велат од Драмско студио Тетово.
Билети за претставата можат да се купат во Центарот за култура од 12 до 20 часот. ас/дма/
Фото МИА