• вторник, 26 ноември 2024

Драган Ковачки на состаноци на Парламентарното собрание на НАТО кои се одржуваа во Грција

Драган Ковачки на состаноци на Парламентарното собрание на НАТО кои се одржуваа во Грција

Скопје, 16 октомври 2024

Драган Ковачки, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и шеф на Делегацијата на Собранието учествуваше на заеднички состаноци на Политичкиот комитет и Комитетот за демократија и безбедност на Парламентарното собрание на НАТО што се одржа од 14 до 16 октомври 2024 година во Атина и Хања, Крит Република Грција.

Делегацијата предводена од Драган Ковачки, имаше можност од високите претставници од безбедносниот и одбранбениот сектор на Република Грција и од академската фела, да се запознае со грчката перспектива кон безбедноста и политичките случувања во јужното крило на НАТО, каде припаѓа и Република Македонија.

На теренската посета во Хања, Крит, парламентарците од ПС на НАТО беа запознаени со функционирањето на Оперативниот поморски тренинг центар на НАТО. Исто така беа посетени и НАТО центарот за извонредност и воздушна и ракетна одбрана и НАТО поморскиот центар за обука, како и поморската база Суда. На крајот од посетата се изврши и обиколка на воздушната и поморската инфраструктура на НАТО и САД во Грција.

Со почит,

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

 

 

 

Остани поврзан