• сабота, 23 ноември 2024

До 30 ноември продолжен рокот за аплицирање за мерката за набавка на ѓубрива

До 30 ноември продолжен рокот за аплицирање за мерката за набавка на ѓубрива
Скопје, 2 ноември 2022 (МИА) - До 30 ноември 2022 година продолжува рокот за аплицирање за мерката за набавка на вештачки ѓубрива за есенската сеидба, одлучи Владата. Одлуката е донесена на денешната седница, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, според најавата од Министерството, по завршувањето на аплицирањето, а најдоцна до крајот на годината, ќе треба да направи исплата кон земјоделците по оваа мерка. мч/лв/

Остани поврзан