• сабота, 23 ноември 2024

До СЗО стигна пријава за забрзана регистрација на вакцината Спутник V

До СЗО стигна пријава за забрзана регистрација на вакцината Спутник V
Москва, 27 октомври 2020 (МИА) – Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) достави пријава до Светската здравствена организација за забрзана регистрација на вакцината против коронавирусот „Спутник V“, објави денеска Фондот. - Поднесовме пријава за итна употреба и претквалификација до Светската здравствена организација, што ќе овозможи „Спутник V“ да биде вклучена во списокот на медицински производи кои ги исполнуваат водечките стандарди за квалитет, безбедност и ефикасност, изјави извршниот директор на РДИФ Кирил Дмитриев. Тој изрази благодарност до СЗО за активната соработка и рече дека „се радува на успешно завршување на процесот на претквалификација во сите главни фази“. Русија стана една од првите земји што се обратија до СЗО за претквалификација на својата вакцина против новиот коронавирус. јт/

Остани поврзан