• четврток, 23 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

До сабота сончево и многу топло, дневната температура до 42 степена

До сабота сончево и многу топло, дневната температура до 42 степена

Скопје, 21 јули 2025 (МИА) - Под влијание на топол бран до сабота (26 јули) времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.

 Утре, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен југозападен ветер.

Дневната температура насекаде ќе биде над просекот за месец јули. Во југозападниот, источниот и североисточниот регион температурата ќе се движи во интервал од 34 до 38  степени Целзиусови. Во Полошкиот регион од 32 до 38 степени, во Пелагонија 38 до 40 степени, а во Скопскиот, Вардарскиот и југоисточниот регион од 38 до 42  степени Целзиусови. дма/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан