• четврток, 26 декември 2024

До Пошта најмногу рекламации за пречекорен рок на достава, кај приватните оператори за губење пратки

До Пошта најмногу рекламации за пречекорен рок на достава, кај приватните оператори за губење пратки

Скопје, 22 декември 2023 (МИА) - Сто и три рекламации се поднесени за услугите на АД Пошта на Северна Македонија во првото полугодие од годинава, а 659 за услугите на приватните поштенски оператори, покажуваат податоците презентирани денеска на јавен состанок на Агеницијата за пошти (АП).

Рекламацииите за националната пошта се за препорачани писма, односно  89,3 проценти се за пречекорување на рокот за достава, а 10,7 проценти за изгубени препорачани писма, додека кај давателите на поштенски услуги на слободниот пазар 31,7 проценти од рекламациите се за пречекорување на рокот на достава на поштенските пратки, а 46,7 проценти за изгубени пратки. 

Споредено со истиот период лани, бројот на рекламациикај давателите на услуги на слободниот поштенски пазар е зголеме за 59,7 проценти, а кај давателот на универзалната услуга Пошта на РСМ има намалување.

Директорката на АП Билјана Аврамоска Ѓореска соопшти дека до ова регулаторно тело годинава се поднесени 16 претставки, што е намалување во однос на лани кога имало 29. Во седум  од претставките од годинава корисниците не биле задоволни од доставата на пратки која се обезбедува од страна на АД Пошта на Северна Македонија, а девет се однесуваат за начинот на обезбедување на услугите од страна на останатите даватели.   

Пред Агенцијата за пошти се водела една постапка за спогодбено решавање спор, на барање од физичко лице за вршење достава  од АД Пошта на Северна Македонија. До регулаторното тело се поднесени и пет управни приговори од кои три се однесуваат за услугите на Карго Експрес ДООЕЛ Битола, еден за Брза Пратка и останатиот за АД„Пошта на Северна Македонија“. Донесени се четири решенија, а по еден се уште се постапува.   

Намалениот број на поднесени претставки, во однос на лани, според Аврамоска Ѓореска значи  дека барањата, прашањата и настанатите проблеми се решаваат во прва инстанца – во рекламациска постапка помеѓу корисниците и давателите на поштенски услуги.  

Годинава АП спровела 18 надзори, најмногу досега од основањето на Агенцијата, од кои осум редовни и 10 вонредни надзори. Во 10-те вонредни надзори, кај девет правни субјекти се констатирани прекршоци и за правните лица и за одговорните лица. 

На поштенскиот пазар покрај националната Пошта, работат 35 даватели на поштенски услуги на слободниот пазар и нивниот број во последните три години се намалува. Регулаторното тело во анализа за изминатите три години оценило дека давателите недоволно подготвени влегуваат на пазарот, а само оние кои инвестираат во развој на одржливи мрежи растат и постигнуваат резултати, и во остварен обем на услуги и во приходи. 

Сепак, според директорката на АП, намалениот интерес за влез на поштенскиот пазар не се одразува на конкуренцијата и на квалитетот на поштенските услуги, а како  предизвик го истакна недостатокот од работна сила. 

Од 1 јануари се очекува целосна либерализација на пазарот, засега нема законски измени за одложување

Аврамоска Ѓореска на состанкот истакна дека очекува од 1 јануари да се отвори поштенскиот пазар и како што нагласи, со тоа да се укинат резервираните поштенски услуги.

Целосната либерализација на пазарот се одложува во неколку наврати и повеќе години вообичаено со законски измени на крајот на годината, а од Министерството за транспорт и врски велат дека се уште немаат доставено измени на Законот за пошти.  

Со целосната либерализација треба да се укинат ценовните монополи за поштенските услуги за пратките за коресподенција и пратките со директна пошта, со маса до 50 грама, односно резервираните услуги кои беа загарантирани со Законот за поштенските услуги. Со тоа, АД Пошта на Северна Македонија Скопје ќе нема повеќе ексклузивно право, ниту ценовен монопол за овие услуги. 

Статусот на пратките  може да се следи само кај половина од операторите

Брошурата на АП за користење на ИТ технологии на македонскиот поштенски пазар покажува дека Track & trace систем имаат интегрирано 53 проценти од вкупниот број  регистрирани даватели на поштенски услуги во државава. Триесет и шест проценти од операторите се изјасниле дека не нудат услуга која овозможува следење на статусот на пратките, а 11 проценти од давателите не доставиле податоци.  Податок дека користат бар код или QR кодови доставиле 56 проценти од вкупниот број регистрирани даватели, 33 проценти од нив не користат ваква технологија, а 11 проценти не доставиле податоци.

Продолжува растот на пакетските услуги

Според презентираните податоци на состанокот, АД Пошта на РСМ во првото полугодие од годинава има намалување на скоро сите услуги и тоа во рамки на универзалната услуга за пет проценти. Пратките за коресподенција, како услуга која треба да биде достапна до сите корисници, е со опаѓање од 4,9 проценти. Но, во периодот од јануари до јули давателот на универзачната услуга обезбедил 76.484 пакети и бележи зголемување за 36 проценти во однос на првото полугодие од 2022 година. 

Давателите на поштенски услуги на  слободниот пазар, пак, регистрираат, зголемување на обемот на услуги за 22,7 проценти и на пратките за коресподенција за 5,91 процент.  Кај нив има зголемување на пакетските услуги за 22,5 проценти како резултат на големата понуда и користење на онлајн услугите. Еко логистик е операторот со 54 проценти од пакетските услуги во државава, Карго експерс со 15,7 проценти, Пост експрес со 9,36 проценти, ...

Само двајца даватели на поштенски услуги на слободниот пазар пријавиле дека работат преку договорни пошти.

Намален бројот на пошторазнесувачи

На крајот на второто полугодие од годинава во поштенскиот сектор биле вработени 2887 лица, од кои 1937 во национална Пошта, а 950 во проватните оператори. Во однос на истиот период лани бројот на вработени во поштенскиот сектор е намален за 10 проценти. 

Бројот на вработени во националната пошта енамален од 2110 во првото полугодие лани  на 1937 во првото полугоиде од годинава, кај пошторазнесувачи е намален  од 648 на 549. Приватните оператори, пак , на крајот на второто полугодие лани ангажирале  548 пошторазнесувачи и нивниот број се намалил на 403 годинава. Наспроти тоа, зголемен е бројот на договорните пошторазнесувачи, што ги ангажираат поштенските даватели.лв/са/

Фото:МИА

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан