• недела, 28 јули 2024

До петок променливо и нестабилно, од сабота постепена стабилизација на времето

До петок променливо и нестабилно, од сабота постепена стабилизација на времето
Скопје, 7 јуни 2022 (МИА) - До петок ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, а постепена стабилизација на времето се очекува од сабота. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Дневната температура ќе биде во опаѓање. И во Скопската Котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено во форма на невреме. сст/сп/

Остани поврзан