• недела, 24 август 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Дончиќ: Имаме сè што ни е потребно за да се бориме за шампионската титула

Дончиќ: Имаме сè што ни е потребно за да се бориме за шампионската титула

Лос Анџелес, 3 август 2025 (МИА) - Плејмејкерот на Лејкерси, Лука Дончиќ, коментираше за тригодишното продолжување на договорот со клубот. Дваесет и шестгодишниот Словенец ќе добие 165 милиони американски долари.

-Имаме сè што ни е потребно за да се бориме за шампионската титула. Ќе се обидам да победам во секој натпревар без разлика на сè, а имаме и нови одлични момци во тимот, па знаете дека ќе се бориме да ги оствариме нашите амбиции, изјави кошаркарот на прес-конференција.

Дончиќ беше продаден од Далас во Лејкерси во февруари 2025 година. Во сезоната 2024/25, тој играше за клубот од Лос Анџелес во 28 натпревари во регуларната сезона на НБА и имаше просек од 28,2 поени, 8,1 скока и 7,5 асистенции.

Во сезоната 2024/25, Лејкерси го освоија третото место на табелата во Западната конференција на НБА. Во првото коло од плејофот, Лејкерси загубија од Минесота со резултат 1-4 во серијата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан