Донован Мичел го продолжи договорот со Јута
- Кошаркарот на Јута, Донован Мичел се согласи со клубот да потпише максимално продолжување на договорот. Новата соработка ќе трае 5 години и ќе чини 195 милиони долари, објави „USA Today Sport

Солт Лејк Сити, 23 ноември 2020 (МИА) – Кошаркарот на Јута, Донован Мичел се согласи со клубот да потпише максимално продолжување на договорот. Новата соработка ќе трае 5 години и ќе чини 195 милиони долари, објави „USA Today Sports“.
Мичел беше избран како 13 пик во драфтот за 2017 година.
Минатата сезона, 24-годишниот дефанзивец одигра 69 натпревари за „џезерите“, со просек од 24 поени, 4,4 скока и 4,3 асистенции.
За прв пар беше дел од Ол-стар натпреварот. зс/