Донесен Акционен план за изградба на Пречистителна станица за отпадни води во Штип
- Мнозинството советници на денешната седница на Советот на Општина Штип го изгласаа Акциониот план за изградба на Пречистителна станица за отпадни води на територија на Општина Штип, кај место „Калимерово“. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека донесувањето на овој Акционен план е со цел да се почне изградбата на Пречистителната станица за отпадни води, а која ќе се гради со пари од Европската унија.
Штип, 28 јануари 2025 (МИА) – Мнозинството советници на денешната седница на Советот на Општина Штип го изгласаа Акциониот план за изградба на Пречистителна станица за отпадни води на територија на Општина Штип, кај место „Калимерово“. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека донесувањето на овој Акционен план е со цел да се почне изградбата на Пречистителната станица за отпадни води, а која ќе се гради со пари од Европската унија.
-Јас ќе бидам најгорд градоначалник доколку кон крајот на 2025 година започне реализацијата на Пречистителната станица за отпадни води. Повеќе од 28 милиони евра е буџетот на овој проект, кој во целост е финансиран од Европската унија. Граѓаните на Општина Штип нема да го плаќаат овој проект, туку овој проект е практично финансиран од европски пари. Сето она што е пропратно и е наша обврска ние го проследуваме и верувам дека во најбрз можен рок веќе ќе се пристапи преку Министерството за животна средина за избор на најповолен понудувач, економски оператор, којшто ќе го гради овој проект неколку години, вели Јорданов.
Тој истакна дека проектот предвидува изградба на Пречистителна станица за отпадни води, главна колекторска линија, потоа изградба на примарни и секундарни канализациони мрежи.
-Сите населби во нашиот град од најдалечната населба, од населбата Караорман до излезот на градот Штип, практично до петиот километар, каде што во моментов се влеваат сите отпадни води во река Брегалница ќе бидат опфатени во нов колекторски систем, изјави Јорданов.
Посочи дека секоја политичка партија на изминатите локални избори во своите Програми ја имаат изградбата на Пречистителната станица за отпадни води. Јорданов е дециден дека со реализацијата на овој проект нема да се зголеми цената на водата за пиење во Штип. вдј/аа/
Фото: МИА