• четврток, 26 декември 2024

Донесена одлука за намалување на коефициентите на платите на функционерите кои ги именува Владата

Донесена одлука за намалување на коефициентите на платите на функционерите кои ги именува Владата

Скопје, 19 март 2024 (МИА) - Одлука со којашто се намалуваат коефициентите за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата е донесена на денешната владина седница.

Како што вечерва информираше владината прес служба, со Одлуката се намалуваат коефициентите на платите на именуваните функционери во Владата, националните координатори и други функционери,  директорите и други именувани лица на органи во состав на министерствата, директорите и други именувани лица на самостојните органи на државната управа, раководните лица во управните организации, агенции, фондови и други правни лица основани со посебни закони, казнено-поправни установи.

- Станува збор за усогласување на коефициентите на именуваните лица од страна на Владата согласно Законот за изменување на законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.51/24), којшто предвидува промена на коефициентите по коишто се пресметува платата на избраните и именуваните лица, се наведува во соопштението.

Донесената одлука, велат од Владата, нема да предизвика дополнителни финансиски импликации на Буџетот на државата. бак/

Фото: Влада

Остани поврзан