• сабота, 23 ноември 2024

Донесена одлука за исплата на сите заостанати плати на вработените во Национални шуми 

Донесена одлука за исплата на сите заостанати плати на вработените во Национални шуми 

Скопје, 20 август 2024 (МИА) - Владата на денешната 13-та седница донесе одлука согласно донесениот ребаланс на Буџетот да се исплатат сите заостанати плати на вработените во Национални шуми, со што, како што информираат од владината прес-служба, се решава проблемот на 2. 000 вработени лица во Национални шуми.

На седницата, Владата донела повеќе одлуки и решенија, меѓу кои и за изработка на проектна документација за изградба на обиколница во Кавадарци, спроведување на постапката за доделување на договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за изградба на катни монтажни гаражи во Универзитетски Клинички центар - Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје и повеќе кадровски решенија. аа/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан