• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Донација од битолските актери за Светскиот ден на театарот

Донација од битолските актери за Светскиот ден на театарот

Битола, 27 март 2025 (МИА) - Со изведба на претставата „Ѓоре Магаревски – 80 години потоа“, битолските актери ќе го одбележат Светскиот ден на театарот, и целиот приход од продадените влезници ќе биде дониран за семејствата на настраданите и повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. 

Претставата „Ѓоре Магаревски – 80 години потоа“ е во режија на Благој Мицевски, Софија Ристевска Петрушева и Јован Ристовски, а премиерно беше изведена минатата година кога беше одбележан јубилејот 80 години од денот на одигрувањето на првата театарска претстава на македонски јазик во овој град и државата.

Во чест на јубилејот, викендов во Битола ќе биде промовирана монографија „80 години Народен театар Битола“ од авторот Иван Додовски, најавија од таа национална установа. мт/дма/

Фото: НТБ

Остани поврзан