• среда, 27 ноември 2024

Донација на „Пакомак“ за секоја лименка и шише

Донација на „Пакомак“ за секоја лименка и шише

Скопје, 22 март 2024 

Пакомак ќе донира по 2 денари за секоја лименка или пластично шише одложени
во наменски поставената повратна вендинг машина во ОУ Ј. Х. Песталоци. Оваа акција е договорена помеѓу Пакомак и Општина Центар а вчера и официјално беше потпишан меморандум за соработка.

Со цел интензивирање на селекцијата на отпад во основните училишта на територијата на Општина Центар, како и подигање на јавната свест кај најмладата
полулација за паметно управување со отпадот, Пакомак за секое шише или лименка кое учениците ќе го одложат во вендинг машинината, ќе донира еден денар за талентирани ученици и уште еден денар за реквизити за училиштето.

- Дополнително, за лименките и пластиката која ќе биде селектирана, ние од Пакомак
ќе организираме собирање на истата и најмалку двојна вредност од реалната на
собраниот отпад, ќе донираме во реквизити и опрема на училиштето. Навистина сме
задоволни од соработката со Општина Центар и градоначалникот Герасимовски, кои
покажуваат висока свест и отвореност за вакви акции, во кои се вкличени најмладите.
Подигнување на свесноста на младите за важноста на селекцијата на отпадот и
рециклирањето е инвестиција која ќе вроди со позитивни резултати во годините што
следат, изјавуваат од Пакомак.

Покрај ова, ќе бидат организирани и едукативни еко часови на кои децата од основните училишта ќе се запознааваат со придобивките од рециклирањето на отпадот и како истото се спроведува.

Пакомак, како прва и водечка компанија за управување, селекција и рециклирање на отпадната амбалажа во земјава и во наредниот период ќе продолжи со едукативни
акции и кампањи во кои ќе ги вклучува младите со цел нивна едукација за постигнување на здрави зелени навики. Од неодамна, граѓаните имаат можност да пронајдат ИГЛО контејнер и на онлајн мапата, достапна на следниот линк https://app.maps.pakomak.mk:7443/ и да се информираат каде најблиску можат да го
одложат селектираниот отпад (во сините контејнери се одлага хартија, во зелените стакло и во жолтите пластика и лименки)

„Пакомак“

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: „Пакомак“

 

 

Остани поврзан