• понеделник, 22 јули 2024

Донаторска акција на група делчевски камионџии за помош на семејство од село Бигла

Донаторска акција на група делчевски камионџии за помош на семејство од село Бигла

Делчево, 27 декември 2023 (МИА) - Група граѓани од Делчево вработени во транспортна компанија, денеска реализираа хуманитарна акција за помош на семејство од делчевското село Бигла. Акцијата ја реализираа самоиницијативно, со цел како што велат, да внесат малку ведрина и празничен дух во домот на семејството кое живее во социјален ризик. 

- Се работи за семејство кое живее во навистина лоши услови во Демјанско Маало во селото Бигла. Низ фотографиите може да видите во каква состојба живее ова семејство, поради што ние неколку возачи на камиони во транспортната компанија Постоловски ЛТД ја реализиравме оваа акција. Одлучивме тоа да биде првично во храна и други намирници кои ќе им бидат добредојдени за празниците, велат вработени во компанијата.

Апелираа на подигнување на општествената одвоворност и од други хумани луѓе и фирми кои со своите гестови ќе покажат дека се грижат за ранливата категорија граѓани.

- На семејството од Бигла им се потребни  многу работи, делови од куќата се пред распаѓање, за радио и тв да не зборуваме, одамна го немаат и оној телевизор што го имале им е расипан, велат хуманите делчевци.

Во духот на празниците деновиве хуманитарна донаторска акција реали,ираше и Општина Делчево која во соработка со компанијата Зегин донираа 40 пакети за лица во социјален ризик. вс/ар/

Фото: МИА

 

Остани поврзан