• сабота, 23 ноември 2024

Донаторите за Заеднички регионален пазар на Западен Балкан го одржаа првиот состанок

Донаторите за Заеднички регионален пазар на Западен Балкан го одржаа првиот состанок
Скопје, 7 мај 2021 (МИА) - Донаторите за Заеднички регионален пазар и за Зелените региони на Западен Балкан денеска го одржаа првиот координациски состанок во организација на Регионалниот совет за соработка - РСС од Сараево. Како што стои во соопштението, на онлајн состанокот на кој учествувале и министри од владите во регионот, претставници на Европската комисија(ЕК), на ЦЕФТА, на меѓународни финансиски институции и други, се идентификувале потребите од средства за проектите во рамките на Заедничкиот регионален пазар (ЗРП) и Зелените коридори (ЗК) – активности што ги координира РСС и кои беа поддржани пред три дена и од земјите на групата Г 7. - Напорите што регионот ги вложува во реформската агенда за заедничкот пазар и за зелените коридори дообиваат широко признание и поддршка и од Г-7, каде што министрите за наворешни работи и за развој на Г7 ги подржаа овие активности како важни за Западен Балкан, изјави генералната секретарка на РСС Мајлинда Брегу. Таа, како и претставниците на ЕК и на ЦЕФТА ја подвлекоа важноста на овие проекти во рамките на Берлинскиот процес за пристапниот процес кон Европската унија, се вели во соопштението. Воспоставување заеднички пазар на Балканот и зелени коридори или т.н. Зелена агенда, беа потврдени и на самитот на Западен Балкан и ЕУ во Софија одржан во ноември 2020 година, каде што беше усвоен и Акцискиот план за Заедничкиот регионален пазар за периодот 2021-2024 година. ар/скс/

Остани поврзан