• понеделник, 23 декември 2024

ДОМ: Силна поддршка од шведските и данските Зелени за европска зелена иднина

ДОМ: Силна поддршка од шведските и данските Зелени за европска зелена иднина

3 март 2024 

Во текот на овој викенд, ДОМ во соработка со зелено-левата партија од Данска и шведската зелена партија одржа конференција на тема „Иднината е зелена“.

Конференцијата ја отвори претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, а низ серија панел дискусии свои обраќања имаа претставници и експерти од областа на зелена енергија и климатски промени, политики за заштита на животната средина и еко и гастро туризам.

Во дискусиите се истакна досегашниот напредок во Македонија во овие области како резултат на заложбите на ДОМ и неопходноста од интензивно спроведување на зелените политики дефинирани во програмските приоритети на ДОМ, во следниот период. Се потенцираше важноста од интегриран и сеопфатен пристап, регионалната соработка и евроинтеграцискиот процес во реализацијата на заложбите од овие области бидејќи само на тој начин може да се постигне повисок и одржлив економски раст и развој кој ќе го подобри квалитетот на живот и благосостојбата на граѓаните. На конференцијата беа претставени успешни модели и практики од Шведска и Данска, а се истакнаа и предизвиците со кои тие се соочуваат во областа на заштитата на животната средина и климата.

Претставниците од данските и шведските Зелени ја потенцираа целосната поддршка за ДОМ во напорите за спроведување на зелените политики и интеграција на Македонија во Европската Унија.

Се реализираше и интерактивна работилница за начините за поголема вклученост на локалните заедници во креирањето одржливи политики и практики.

 

Централна канцеларија на Демократска обнова на Македонија 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан